сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Османи денеска демантираше, а Ахмети уште во март потврди дека Теута Арифи е предложена за амбасадор во ЕУ

Османи денеска демантираше, а Ахмети уште во март потврди дека Теута Арифи е предложена за амбасадор во ЕУ

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи денеска ги демантираше натписите во медиумите дека поранешната градоначалничка на општина Тетово Теута Арифи била предложена за амбасадор во ЕУ, а од друга страна пак неговиот партиски шеф Али Ахмети уште во месец март оваа година потврдува дека току Теута Арифи е предложена за амбасадор во Брисел.

Лидерот на ДУИ, Али Ахети уште во месец март оваа година објави дека по предлог на Владата за амбасадор во ЕУ е предложена токму Теута Арифи, како што тогаш истакна, затоа што таа ги знаела процесите и била вицепремиер за евроинтеграции.

-Госпоѓата Арифи беше вицепремиер за евроинтеграции, и го познава овој процес. Оценето е дека Арифи може да придинеси по однос на ова точка, а причина за тоа се нејзините придонеси и претходните врски кои ги имала со регионот а и со ЕУ, изјави на 31 март оваа година Ахмети.

Од друга страна пак, денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи демеантира дека Теута Арифи била предложена за амбасадор во Брисел, но како што може да се види и од самото видео токму неговиот шеф, Али Ахмети уште во март тврди дека порради нејзините врски и придонеси токму Теута Арифи е предложена за амбасадор во ЕУ.

Според него, никогаш немало размислување, ниту предлог Теута Арифи да биде амбасадор во Анкара или Вашингтон, за тоа да биде одбиено.

–Никогаш немало формализиран предлог за Теута Арифи. Имало размислување, но никогаш формализиран предлог за да биде пратен во Брисел, рече шефот на дипломатијата Османи на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за тоа колку е позитивно одговорено од шесте предлози испратени од МНР, односно од Владата, до Кабинетот на претседателот на државата.

Најнови вести