среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Османи му изразил сочувство на Дендиас за железничката несреќа

Османи му изразил сочувство на Дендиас за железничката несреќа

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи телефонски разговарал со неговиот грчки колега Никос Дендиас и му изразил сочувство за трагичната железничка несреќа во Грција.

Како што соопштија од грчкото МНР на „Твитер“, Дендиас му се заблагодарил на Османи „за поддршката во овој тежок момент“.

Според последните официјални податоци, во синоќешниот судир на патнички и товарен воз кај месноста Темпи во близина на градот Лариса, животот го загубија најмалку 36 лица, а 66 со повреди се хоспитализирани во грчките болници.

Најнови вести