Вицепремиерот Бујар Османи вчера за време на гостувањето на ТВ 21 го искоментира поставувањето на албанското знаме на Самоиловата тврдина.
Според него знаме може да се постави каде било и тоа е дозволено со закон.
За потсетување, едно од лицата што го постави знамето беше казнето и протерано од Македонија со забрана за влез од 5 години, откако го развеа знамето на Албанија на Самоиловата тврдина во Охрид, а следеа и многу реакции.
Реагираше и Џафери според кој казната е престрога и партијата на Села кои изразија загриженост.