понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Османи: Одлуката да не одам во Бања Лука ја донесов како европеец, а не како Албанец

Османи: Одлуката да не одам во Бања Лука ја донесов како европеец, а не како Албанец

Мојата одлука е согласно интересите на државата, а интересите на државата се во рамки на Стратегијата на ЕУ, и присуството би значело оштетување на интересите на државата, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција, прашан за одлуката да не учествува на конференцијата за Западен Балкан во Бања Лука.

– Одлуката не ја донесов како Албанец, туку како европеец, којшто верува во европската иднина на регионот. Стратегијата на ЕУ за регионот предвидува перспектива на сите шест земји од регионот за членство во ЕУ и еден од предусловите за да може овој регион да стане дел од ЕУ, е помирувањето. И било каква иницијатива со која не се дава придонес кон помирувањето, туку напротив се исклучува една од државите, е спротивна на идејата на самата Стратегија – изјави Османи.

Тој посочи дека и да не била повикана некоја друга држава, немало да учествува на таа конференција, бидејќи, како што рече, не е во духот на соработката и регионалното помирување.

– Сметам дека таа одлука е во рамки на интерсите на државата -,додаде Османи.

Со планот 3-6-9 Македонија е вратена на патот кон ЕУ и НАТО, прифатени се меѓународните препораки, вклучено е граѓанското општество и опозицијата, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој на прес-конференција рече дека не може да се каже колку проценти од планот е реализиран, но додаде дека спроведени се многу повеќе мерки од тоа што е прикажано во јавноста.

– Потенцирам дека овој процес е закочен поради опозицијата, не за да ги обвинам туку да ги повикам да учествуваат во реализацијата – вели Османи.

Најнови вести