четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Османи призна дека Владата била запознаена и не реагирала на промоцијата на фашизам од бугарскиот премиер, како институциите дозволиле формирање на вакво здружение?“

„Османи призна дека Владата била запознаена и не реагирала на промоцијата на фашизам од бугарскиот премиер, како институциите дозволиле формирање на вакво здружение?“

Министерот за надворешни работи Бујар Османи со денешната изјава „да не се викаше бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, ќе дојдеше државниот врв и заедно ќе го отворевме” всушност призна дека Владата на Македонија била запознаена со сите детали околу скандалозната промоција на фашизам од Бугарија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Навистина се грозни и манипулативни обидите на Владата и перјаниците на СДС вниманието на јавноста да се дефокусира обвинувајќи го ВМРО-ДПМНЕ за некаква поврзаност со промоцијата на Ванчо Михајлов, наместо целокупното внимание да се насочи кон единствената вистина зошто владата молчеше за промоцијата на фашизам на Бугарија среде Битола и зошто не побара забрана за делување на здружението кое величи човек со контраверзно минато, стои во партиската реакција и се додава:

„Вистинското прашање како институциите дозволиле формирање на здружение кое го велича ликот на Ванчо Михајлов, надвор од историскиот контекст на неговата улога, погрешно интерпретирајќи ги и глорифицирајќи ги неговите заложби за негирање на македонскиот народ?

Зошто досега Ковачевски не се огради и не ја осуди промоцијата на фашизмот од страна на бугарскиот премиер?“.

Најнови вести