Повредените во автобуската нерсеќа според информациите на лекарите се во добра здравствена состојба. Завршени се дел од операциите, а дел ќе бидат завршени денеска, изјави за МИА министерот за надворешни работи Бујар Османи пред болницата „Пирогов“ во Софија.
Османи кажа дека доаѓа во болницата да ги посети и да искомуницира со повредените, како и да ја олесни комуникациијата со семејствата и институциите во Бугарија, за да може да се забрза процесот на идфентификација на жртвите.
Запрашан во врска со истрагата, тој посочи дека е таа започната од институциите во Бугарија.
-Мислам дека институциите во Бугарија ја имаат заппочнато. Тука се и нашите експерти и доколку треба да помогнат, тука се и експертите од судска медицина. Очекуваме да бидат вклучени во процесот на идентификација. Важно е семејствата да бидат информирани на време и што побрзо да се заврши овој процес за да може посмртните останки на настраданите да ги пренесеме во Скопје, рече Османи.
Во однос на тоа што може да се направи на дипломатски план, Османи кажа дека веќе се испратени двајца искусни дипломати-конзуларци во Амбасадата за да можат да им помогнат на луѓето.
-Денеска ќе бидам тука и јас, а веројатно и утре за да се олесни координацијата и комуникацијата. Многу е важно се да се заврши навремено и луѓето да бидат информирани, нагласи Османи.
Тој потврди дека имаат помош од бугарските власт и се во постојана комуникација.
– Да, апсолутно уште вчера вопоставивме јасна координција меѓу институциите, цело време сме во комуникација и очекуваме така да продолжи и понатаму, рече шефот на дипломатијата Бујар Османи.