петок, 26. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Османи во врска со непотизмот: Признавам дека има грешки, има девијации

Османи во врска со непотизмот: Признавам дека има грешки, има девијации

Во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“  вицепремиерот Бујар Османи  во врска со непотизмот рече дека  прашањето за непотизмот е девијантна состојба.

Тој посочи дека Антикорупциската Комисија треба да ги истражи случаите поединечно  и ако тие констатираат дека имало злоупотреба на службена должност за избегнување на конкурентност и фаворизирање на помалку компететни на сметка на повеќе компететни заради некои роднински врски или некои други врски тогаш ќе се превземат мерки за такви случаи.

-Така да овој дел признавам дека има грешки, има девијации, потенцираше вицепремиерот Османи.

Османи додаде дека Антикорупциската Комисија поединечно треба да ги преработи  случаи и онаму каде што тие ќе кажат дека има класичен непотизам, тогаш никој нема да бега од одговорност да се повлече од позицијата.

Најнови вести