сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Османи за коалицијата СДСМ-Беса: Се прави штета на албанските интереси

Османи за коалицијата СДСМ-Беса: Се прави штета на албанските интереси

Бујар Османи, портпарол на ДУИ и вицепремиер во владата оценува дека коалицијата на СДСМ и Беса значи дефакторизирање на важноста на албанските гласови.

-Овој сојуз или ова „топење“ на Беса во СДСМ е на штета на албанските интереси, бидејќи се дефакторизира важноста на албанските гласови. Со тој сојуз се дефакторизира важноста на албанските гласови, но пред се, улогата на Охридскиот договор и бадентеровиот механизам за заштитата на албанските интереси, оценува Османи.

Вицепремиерот вели дека тој и неговата партија се разочарани поради фактот што двете партии денеска постигнале нивна унификација заради, како што рече, мали лични и групни интереси.

Најнови вести