четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Основен суд Скопје 1: Знаеме дека имало физички напад во затвор, на терен судија ќе излезе утре

Основен суд Скопје 1: Знаеме дека имало физички напад во затвор, на терен судија ќе излезе утре

По информациите кои излегоа во јавноста дека Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се претепани во затвор, КУРИР побара одговори од сите надлежни.

Од Основниот суд Скопје 1 за КУРИР потврдуваат дека се случил настанот, но детали не соопштуваат.

-До судот е пристигнато известие за физички напад. Судија утре ќе оствари посета на судот и ќе констатира за што станува збор, ни одговорија од Судот.

На нашето прашање зошто не се постапи веднаш, туку ќе чекаат до утре, од Судот ни одговорија дека посетите се редовни и се случуваат во петок.

Министерството за правда молчи за овој случај. Редакцијата на КУРИР и покрај многубројните повици, не доби ниту еден од вработените за изјава.

Најнови вести