недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Остави хаос во македонското образование и замина во Турција: Царовска 5 дена на пат со Шабани и Бајрактар

Остави хаос во македонското образование и замина во Турција: Царовска 5 дена на пат со Шабани и Бајрактар

Во Македонија турка реформи кои се закануваат на цел образовен систем, укинува предмети и учебници, не го слуша гласот на учениците и нивните родители, а сега замина во Турција на петдневна посета.

Министерката за образование и наука Мила Царовска, остави хаос во Македонија, па одлучи да ја посети Турција. Во посета на оваа земја е од 17-ти мај, а ќе остане до 21-ви.

Во македонската делегација која е во работна посета на Турција се и заменик-министерот Арафат Шабани и државниот советник за образовни политики Ѓонул Бајрактар.

-Наш приоритет е образование за секое дете. Создаваме услови за негување на интересите, потребите и културните особености на сите етнички заедници кои живеат во нашата држава, а посебно сме горди на интегрираноста на турската заедница во образованието, Царовска денес на средбата со претседателот на турското Собрание, Мустафа Шентоп, во Анкара.

Можеби во Турција сака да претстави дека образованието и е приоритет, но дома сепак ја чека хаос, неизвесност, незадоволство. Царовска нема да може долго да ги игнорира барањата на учениците и нивните родители кои својот револт го покажаа низ цела држава.

Најнови вести