Клементина Левковска е осудена на затворска казна од 18 години за убиство на ракометарот Денис Тот.
Во нејзината казна се засметува времето поминато во притвор.
Таа се побуни за продолжување на мерката притвор.
„Јас сама се пријавив во станицата. Кога го извршив делото имав 18 години, сега во притвор наполнив 19 години“, рече Клементина.
Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски е осуден на 18 години, а третообвинетиот Андреј Костовски е осуден на 16 години затвор.
Клементина Лефковска беше второобвинета.