четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Откако го сменија името на македонската Армија, сега ќе се менуваат униформите на нејзините припадници

Откако го сменија името на македонската Армија, сега ќе се менуваат униформите на нејзините припадници

Новите униформи ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Уредбата на претседателот. Во Преспанскиот договор имаме одреден период на транзација и никој не очекува работите да се променат преку ноќ, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање кога може да се очекува да бидат заменети ознаките и да се набават нови унформи за Армијата откако вчера претседателот Стево Пендаровски  ја потпиша Уредбата за преименување на АРМ.

Новата процедура, како што рече, ќе започне согласно со новата Уредба на претседателот и за тоа ќе треба време согласно закон.

-Не е добро да се влечат процедурите и да се работи без процедури. Тоа го кажавме  од почетокот. Можевме да прифатиме униформи кои нема да одговараат на стандардите и на спецификациите, но рековме дека со неквалитет армијата и досега платила голема цена, рече Шеќеринска, одговарајќи на новинарски прашања при презентацијата на опремата од вежбата „Одлучен удар”, што е изложена вечерва во центарот на Скопје.

Како што посочи, не се фокусирани за замена на униформите на Денот а Армијата – 18 август, со оглед дека станува збор за борбени, а не за службени униформи.

Најнови вести