вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Бесплатни униформи за учениците од училиштата во општина Гази Баба

Бесплатни униформи за учениците од училиштата во општина Гази Баба

УЧЕНИЦИТЕ ОД УЧИЛИШТАТА ВО ГАЗИ БАБА ДОБИВААТ БЕСПЛАТНИ УНИФОРМИ.

Со задоволство сакам да објавам дека заврши постапката за набавка на бесплатни училишни униформи за сите 6800 ученици од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба.

Оваа учебна година за прв пат во историјата општината од сопствени средства обезбедува училишна униформа која за секој ученик ќе биде бесплатна.

Со реализација на овој проект ги намалуваме трошоците на родителите, а вооедно ја намалуваме класната разлика која се создава помеѓу учениците со што се постигнува степен на еднаквост помеѓу децата за време на престојот во училиштето.

Од денес во училиштата започнува евидентирање на учениците со цел утврдување на величината на униформата за секое дете по што ќе следува и доделување на униформите.

Реализацијата на оваа мерка доаѓа како исполнување на ветувањето дадено во мојата изборна програма.

Ветувањата дадени пред граѓаните се исполнуваат!, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.