понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Откако објави серија скандали и афери за македонски моќник физички нападнат новинарот Љупчо Златев

Физички нападнат новинарот Љупчо Златев.
Откако објави серија скандали и афери за македонски моќник физички нападнат новинарот Љупчо Златев

Утрово во раните утрински часови во еден скопски ресторан во близина на гимназијата „Орце Николов“ бил нападнат новинарот Љупчо Златев.

Според нашите информации човек кој се испоставило подоцна дека е лично обезбедување на семејството на еден македонски бизнисмен го нападнал новинарот Златев.

Физичкиот напад доаѓа откако претходно му се доближило лицето и по куса вербална расправија новинарот Златев бил нападнат.

Настанот инаку веднаш потоа бил пријавен во полиција и се очекува повеќе детали во текот на денот.

Нападот доаѓа откако новинарот деновиве објави повеќе скандали и афери за еден поранешен македонски функционер, а сегашен бизнисмен.

Најнови вести