сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен Мароканец кој нападнал полицаец

Уапсен Мароканец кој нападнал полицаец

На 28.10.2023 во 04.30 часот на паркинг просторот на бензинска пумпа во гевгелиско бил лишен од слобода А.А.Б.С.(22) од Мароко.

-Тој бил пронајден на кров од паркирано товарно моторно возило и се обидел да го напушти местото на настанот при што физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Гевгелија, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.