Промената на имињата на училиштата во Чаир ја разбранува јавноста. Редакцијата на Сигнал.мк истражи за личностите чии имиња ќе бидат ставени на училиштата наместо ,,Рајко Жинзифов” и ,,Никола Вапцаров”.
Исмаил Ќемали Беј Влора бил истакнал албански политичар и дипломат. Исмаил Ќемали е една од најзначајните фигури во времето на независноста на Албанија. Ќемали се смета за основач на современа Албанија, бидејќи тој е првиот претеседател, премиер и министер за надворешни работи на земјата.
Ќемали одиграл најважна улога во прогласувањето на независноста на Албанија на 28 ноември 1912 година. По државниот удар, кој на 22 јануари 1914 година го извел Есад Паша Топтани, живеел во егзил. Умрел во Перуџа од срцев удар.
Второто име кое ќе го носи училиштето во Чаир е Имир Елези. Единствен податок кој го најдовме за него беше една статија на албански во која тој е опишан како ,,Синоним на битката во Матејче каде што се бореше гради во гради со славо-македонските сили и херојски загина во една акција и стана народен херој.”.
Воглавно Имир Елези е член на терористичката група УКЧ која во 2001 водеше битки со македонската полиција и војска.
Борец во славната битка на Кошаре 1999 година,
Борец во областа Карадак 2001 година,
Во текот на 80-тите години, Енвер Елези братот на Имриу, беше убиен со рафално пукање од калашникови за време на тогашната воена служба на ЈНА.
Името Имри Елези е синоним за битката кај Матејци, каде јуначки се бореше со славо-македонските сили каде што исто така беше мачен за време наедна акција.
„Денес, со ова име се фали Дизон, се фали Чаир, Скопје и целата нација. Паднат херој за нацијата – Комесар ИМРИ ЕЛЕЗИ“, стои напишано во статијата.