Заврши состанокот на Централното претседателство на Алтернатива. Потпретседател на Собранието ќе биде Хисни Исамили, Беким Сали дефинитивно ќе го наследи Венко Филипче, а министер за информатичко општество ќе биде Адмирим Алити.
Џемаил Чупи пак е новиот министер без ресор за дијаспора. Избрани се и тројца заменици министри за земјоделие, образование и култура, а објавени се и имињата на неколку директорски позиции.
Вечерва Алтернатива не донесе одлука за сите договорени места, за останатите ветени функции во партијата ќе разговараат дополнително.