петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пациент спасен од сигурна смрт: За првпат во Македонија извршена тромбектомија кај 70-годишен човек со мозочен удар

Пациент спасен од сигурна смрт: За првпат во Македонија извршена тромбектомија кај 70-годишен човек со мозочен удар

Првпат во Македонија, во текот на вчерашниот ден, е извршена механичка тромбектомија кај 70-годишен пациент, кој доживеал мозочен удар.

Станува збор за многу сериозен и сложен зафат на мозокот, каде се случил ударот, предизвикан од тромб – згрутчување на крвта.

Пациентот е спасен од сигурна смрт. Тимот доктори, кои првпат досега во нашата држава го извршија овој успешен зафат го сочинуваат: доц. д-р Венко Филипче, д-р Менка Лазаревска, д-р Вјолца Алији и д-р Петар Јаневски, невролозите д-р Јасна Петреска, д-р Ана Донева и д-р Драгана Цветковска, како и анестезиолозите д-р Јасна Бушиновска и д-р Ида Теменугова.

– Станува збор за многу сложена и тешка операција на крвните садови во мозокот. Операцијата е направена само на неколку часа од ударот, успеавме да го извадиме тромбот и да го спасиме пациентот. Овие таканаречени „удари“ често се фатални за пациентите и досега во Македонија не е извршен ваков зафат. Со оваа интервенција, која првпат се примени во Македонија, застанавме рамо до рамо со светските медицински центри, вели министерот доц. д-р Венко Филипче.

 

Најнови вести