Поради паднато дрво, од 17:50 часот во прекин е сообраќајот во двата правци на патот Битола – ГП Меџитлија, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на другите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце чекањето е околу 1 час за излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.