четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Падобранци на НАТО предводени од Обединетото Кралство ќе спроведуваат обука во Македонија

Падобранци на НАТО предводени од Обединетото Кралство ќе спроведуваат обука во Македонија

Во Северна Македонија пристигнаа 1800 падобранци од 16-тата воздухопловна јуришна бригада на Обединетото Кралство за да одржат обука заедно со седум други земји на НАТО, вклучително и силите од Северна Македонија. Обуките ќе се одржат на четири различни локации низ земјата, информираат од Британската амбасада во Скопје.

– Во текот на следните недели 2700 војници од Северна Македонија, Албанија, Грција, Италија, Обединетото Кралство, САД и Црна Гора ќе спроведат обуки за боево гаѓање, како и дневни и ноќни скокови со падобран. На обуката ќе се демонстрира способноста на земјите-членки на НАТО да се распоредат насекаде низ светот и способноста на нивните војници да работат заедно професионално и успешно. Оваа годишна вежба, која годинава се случува во Северна Македонија, е клучен придонес за европската безбедност, која има за цел да испорача сили со висока готовност во низа улоги, да го зголеми го капацитетот и да ги дополни НАТО и другите европски и глобални безбедносни аранжмани, велат од амбасадата.

Воздухопловната јуришна бригада вклучува падобранци, инженери, артилерија, логистичари, медицински лица, воено разузнавање, специјалисти за комуникации, армиски воздухопловен корпус, кралски воздухопловни сили, механичари и специјалисти за уништување на експлозивни смртоносни средства. Бригадата се распоредува во вежби и операции на глобално ниво со сите возила и опрема потребни за самоодржливост, вклучувајќи хеликоптери, теренски транспортери на тркала и гасеничари, артилериски пушки и мноштво логистички и инженерски возила.

Командантот на кралските инженерски падобранци, потполковник Џек Кросли, е во Северна Македонија од 24 март. Тој го надгледуваше движењето на бригадата од Обединетото Кралство кон Северна Македонија.

– Движењето на речиси 2000 британски војници и сите возила и опрема што доаѓаат со една бригада низ Европа и во Северна Македонија беше огромна задача, која немаше да можеме да ја направиме толку ефикасно без поддршката на Владата на Северна Македонија и вооружените сили, истакна потполковникот Кросли.

Од 24 март, војници од осум земји на НАТО почнаа да пристигнуваат во Северна Македонија за вежбата БРЗ ОДГОВОР 22, вежба на сојузничките воздухопловно-десантни сили, што е дел од пошироката серија вежби кои се одржуваат низ цела источна Европа.

Најнови вести