Заканите и палењето на возила во Прилеп покажуваат дека во оваа земја подземјето и власта се во коалиција. Како поинаку да се толку фактот што наместо вистинските организатори и поттикнувачи на овие акти на закана, се апсат тривијални ликови, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека палењето на три возила запомалку од еден месец, меѓу кој и возилото на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески кој јавно кажа дека е против бугарските ултиматуми, покажуваат дека во државата владее беззаконие кое Спасовски го телерира, па дури и го стимулира.
– Полицијата за жал се претвори во нем свведок на криминалот кој владее со земјата. Тоа е така затоа што некои високи функционери ги мотивираат криминалците да прават дела против оние кои размислуваат поинаку од власта, а за возврат добиваат заштита. Ова ќе престане, а извршителите и нарачателите на ваквиот криминал ќе одговараат. Нема Македонија да биде заложник на оваа криминална власт и нивните пријатели од подземјето, се додава во партиското соопштение.