четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Палестинскиот претседател по вторпат се сретна со израелскиот министер за одбрана

Палестинскиот претседател по вторпат се сретна со израелскиот министер за одбрана

Палестинскиот претседател Махмуд Абас се сретна со израелскиот министер за одбрана Бени Ганц, соопшти израелското Министерство за одбрана.

„Двајцата лидери разговараа за безбедносни и цивилни прашања“, се вели во соопштението.

Ганц го информирал Абас дека планира да продолжи да промовира активности насочени кон градење доверба на економско и цивилно поле, како што беше одлучено на последниот состанок на двајцата лидери, се додава во соопштението.

Израелските медиуми пишуваат дека средбата се одржала во куќата на Ганц во Рош Хааин, во центарот на земјата.

Во соопштение, партијата Ликуд ја осуди средбата, истакнувајќи дека отстапките опасни за израелската безбедност се само прашање на време.

„Израелско-палестинската влада ги врати Палестинците и Абас на дневен ред. Тоа е опасно за Израел“, додаде десничарската партија.

Најнови вести