среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Панчевски за Алфа: Во Македонија нема пресумпција на невиност

Панчевски за Алфа: Во Македонија нема пресумпција на невиност

За работењето на СЈО, Владимир Панчевски за телевизија Алфа вели – пресумпција на невиност нема во Република Македонија. Недозволено е јавно објавување на предистражна постапка – разочарувачки било тоа што се случува во Македонија каде на секој чекор се кршат правата. Од медиумската спектакуларност што се давала на одредени ситуации се гледало дека постои политичка позадина. Интересно било и тоа што институциите за човекови права не се интересираат за овие ситуации.

За тоа што СЈО влезе во кабинетот на Панчевски и го сомничеа дека одавал службена тајна, Панчевски вели –  Тивок бунт за кој излезе дека е со политичка позадина, мобинг кој не постоеше, тоа беше хајка којашто се водеше за мене. Една година се врши вештачење на два мобилни телефони и два компјутера. Не сум бил никогаш член на политичка партија, имав несреќа да бидам избран меѓу двајцата кандидати, за секоја година од мојата работа сум направил многу, вели судијата.

За местење судења и лажирање тој вели дека никогаш немало ниту пак било возможно со Акмис системот. За двете кривични дела за кои се товари тој вели – Товарот е дека сум влијаел при распоредувањето на предмети на пристрасни судии. Кои се тоа пристрасни судии? Одлуките се донесуваат по тежина, по бројот на предмети, приоритет на предмети, кои пак се распоредуваат на електронски начин. Управувачки одлуки секогаш морало да има.

Најнови вести