понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: СДСМ прифати да разговара со Бугарија за македонската историја, а таа не може да се доведе во прашање

Пандов: СДСМ прифати да разговара со Бугарија за македонската историја, а таа не може да се доведе во прашање

Пред потпишувањето на Договорот со Бугарија јас имав огромен број на забелешки, исто така имам и сега. Македонија имаше еден таков договор со Бугарија и ни забележуваа како тоа ВМРО-ДПМНЕ потпишал таков договор. И тоа е договор скоро ист, само сега има една огромна забелешка или прифатено е да се ревидира историјата и тоа не е ништо ново, тоа не е ново барање од страна на официјална Софија, рече Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Пандов потсети на разните дискусии како онаа на советникот на претседателот Стево Пендаровски, професорот Денко Малески кој беше и прв министер за надворешни работи на независна Македонија кој отворено кажува дека Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев се Бугари.

-Треба да се знае дека три главни идентитетски столба се име, јазик и историја. И тоа треба да се знае, рече Пандов.

Тој рече: „Во 21 век, ни на сон не ми доаѓало дека некој може да бара од мене за било каков политички интерес да се избришам како народ, ако некој тргнал кон тоа да ве брише, да останете безимени, ако не постои конститутивен народ, ако се избришеме поради било кој интерес, па и заради ЕУ ние во таква ситуација ја бришеме државата“.

-Искрено, како никогаш до сега сум уплашен од ова што се случува, Македонија во корен е загрозена, или тие луѓе до толку се слепи и не гледаат или се заслепени од некои материјални добри. Ова е битка која само македонскиот народ и сите граѓани кои ја сакаат Македонија можат да ја спасат, Македонија само така може да се спаси, кажа Пандов.

Најнови вести