среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Панова до Џафери: Ковачевски кукавички избега од Собрание, барам веднаш да го повикате и да одговори пред јавноста уште како предавство и спрема на Македонија

Панова до Џафери: Ковачевски кукавички избега од Собрание, барам веднаш да го повикате и да одговори пред јавноста уште како предавство и спрема на Македонија

Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница го повика Димитар Ковачевски наместо да бега, да дојде во собранието и да ги ислуша пратениците што мислат за францускиот предлог кој што овие два се дискутира во собранието, нагласувајќи дека согласно Деловникот за работа на парламентот, Ковачевски треба да е присутен на истата седница.

Повторно исто од вчера. Повторно оној истиот кој вчера овде креваше раце за победа овде од говорница затоа што не знаеше што друго да направи, избега. И повторно му дозволувате да избега. А согласно деловникот тој треба да биде тука, на кој да веруваме, кој да прашуваме, кој да не слушне, Османи кој што имаше десет различни изјави, кој што кажува протокол има, протокол нема, ќе ви го покажеме, нема да ви го покажеме, го знаеме, не го знаеме, потенцираше таа.

Ајде да видиме дали Ковачевски го знае тој протокол, нека дојде тука, нека седне овде, да не слушне, нека ги чита коментарите на граѓаните кои што се надвор, вели Панова.

Панова го повика и Бојан Маричиќ вицепремиер за европски прашања, да дојде во бифето, потсетувајќи го дека ако ништо друго барем може да го посети собраниското бифе и да провери дали на менито има бифтек.

Панова изјави дека Ковачевски мора да присуствува на седницата и да им објасни на граѓаните уште какво предавство се спрема да го направи, бидејќи како што рече таа Ковачевски е единствениот кој што требаше ова прашање да го реши во владата а не кукавички да го прати овде во собранието.

А Маричиќ слободно може да се симне во бифе да види дали има бифтек. Нас ни треба да дојде овде Ковачевски, оној кој што го потпишал овој документ. И затоа овозможете веднаш да се појави овде, тој е единствениот кој што требаше ова прашање да го реши во владата а не кукавички да го прати овде во собранието, посочи Панова.

Не до се појави и избега, туку да седи цел ден овде заради тоа што граѓаните на Република Македонија седат по цел ден и чекаат за да видат уште какво предавство се спремни да направите, кажа Панова.

Најнови вести