Ели Панова, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, денес во Собранието порача дека СДСМ често менува ставови за клучните прашања.
Таа постави неколку прашања за Славјанка Петровска од СДСМ која беше дел од МВР.
-Како колешката од МВР сама се удри од Пајакот и пред неколку дена си даде оставка? Што се случи со аудио снимките за истрагата или дали имаше некаква истрага за кандидатот за градоначалник во Источна Македонија кој што нудеше поткуп? Што се случи со истрагата за пакетите кои ги дававте во време на ковид кризата за кои вие кажувавте дека се помош, а всушност се поткуп? По кој тефтер градоначалникот од Ново Село го пуштивте неказнет, а беше фатен во шверц со цигари? Дали имаше истрага за гласањето во една секунда? Дали имаше истрага за сега во Штип кога во кутија имаше повеќе ливчиња? Да не навлегуваме во длабока политика, да се задржиме на тоа што го бараат граѓаните. Вие заедно со оваа Влада ништо не успеавте да направите за тоа против кое се боревте. Напротив, тоа силно го појачавте, истакна таа.
Панова им предочи на пратениците од СДСМ дека изгледа се надвор од реалноста.
-50.000 граѓани во Македонија се без работа. Според Еуростат, Македонија е третата најсиромашна држава во Европа и затоа ќе потенцирам дека овој буџет е една голема лага, неостварлив и нереален, порача таа.