среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Панова: Ниту еден од министерство за земјоделие нема стапнато во струмичкиот крај за да ги ислуша проблемите кои ги имаат овие земјоделци

Панова: Ниту еден од министерство за земјоделие нема стапнато во струмичкиот крај за да ги ислуша проблемите кои ги имаат овие земјоделци

„Денес сме во посета на населените места Куклиш, Банско и Свидовица. Се среќаваме со граѓаните и ги слушаме нивните проблеми, а се разбира дека најголемите проблеми се од власта предводена од ДУИ заедно со нивниот привезок партија СДСМ“, истакна пратеничката и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова при денешната теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ „Ова е Македонија за сите“.

Таа истакна дека ниту еден од министерството за земјоделие нема дојдено во посета на овие места.

„Она кое што сега го слушнавме од граѓаните во населеното место Куклиш е дека сите овие години додека се СДСМ и ДУИ на власт ниту еднаш ниту еден од министерството на земјоделие нема стапнато во ова населено место и нема прашано за проблемите со кои се соочуваат производителите на раноградинарски производи кои генерално се наоѓаат во овие населени места“, рече Панова.

Панова потенцираше дека за жал граѓаните од овие села имаат големи проблеми, а откупните цени и самите цени во изминатиот период поради кризата им беа блокирани, а генерално сиромаштијата се повеќе зема замав.

 

Најнови вести