Тимовите на ВМРО-ДПМНЕ и денес се повторно на терен во рамки на кампањата „Ова е Македонија за сите“. Во општина Босилово, ги посетивме населените места Петралинци, моментално сме наоѓаме во Сарај, а потоа ќе продолжиме во Радово. На овие средби се повеќе ни се приклучуваат, луѓето дискутираат за проблемите, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова за време на теренската активност во општина Босилово.
Таа посочи дека градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ успева да реши дел од проблемите, но, граѓаните најчесто зборуваат за централните проблеми, незадоволството од централната власт, криминалите кои ги натрупаа долговите на државата.
-Овие луѓе ништо немаат видено од владата на СДС и ДУИ, рече Панова.
Таа додаде дека тема на разговор е дека никако и под никакви уцени да нема уставни измени.
-Она што граѓаните го добиваат како одговор е дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласат на нешто што е спротивно на македонските национални интереси и таа тема е затворена. Граѓаните може да бидат мирни дека некој ги чува македонските национални интереси, а тоа се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Ние со средбите ќе продолжиме, ќе понудиме и решенија, а со наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решиме повеќето проблеми, а Македонија ќе стане за сите луѓе, потенцираше Панова.