вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Панова: Се обидувате да ги партизирате сите институции во Република Македонија

Панова: Се обидувате да ги партизирате сите институции во Република Македонија

Во денешното обраќање пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова предложи исфрлање на точката број 2 Одлука за објавување на јавен оглас за именување на членови на државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од редовен однос во втор степен согласно член 77 став 2 од дневниот ред, со објаснување дека заборавениот предлог закон на опозицијата кој предвидува разрешување на претседател и член на комисиите доколку се утврди дека истиот е член во политичката партија.

-Токму сега овде се гледа вашата искрена намера да ги партизирате сите институции во Република Македонија на истиов начин на кој што се обидувате да го партизирате и Уставниот Суд на кој што сме сведоци изминатите неколку недели на комисијата за избори и именување. Претседателката на комисијата дала предлог оваа точка да биде на дневен ред денес, меѓутоа заборавила дека ете ние цело време зборуваме за партизација на сите институции меѓу кој и оваа државна комисија, затоа сметам дека оваа точка треба да биде тргната од дневен ред и треба да направите напори претседателе оваа заборавена комисија на која ги имаме предложено нашите закони повторно да ја закажете и овој закон да биде изгласан и така треба да биде во секоја една институција, да избереме независни членови, неполитизирани членови, непартизирани, рече таа.

Најнови вести