Ниту во еден член од Деловникот не е предвидено да се бара затворање на вратите од Собранието за да се преброи бројот на пратеници за пријавување за збор по точна на дневен ред. Тоа не се случува прв пат и затоа сакаме да алармираме дека ова е кривично дело по Кривичен законик член 140, став 3 и 4 противправно лишување од слобода, изјави за „Утрински брифинг“ пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова говорејќи за однесувањето на Талат Џафери и заклучувањето на вратите во Собранието.
Панова дека Џафери и покрај ваквото однесување е заштитен од обвинителството и судството, бидејќи претходно кога имаше кривична против него истата беше рекордно одбиена.
– Ако знаеме како функционира обвинителството, како функционира Уставниот суд и кои се се уставни судии во Македонија, ако видите дека пред неколку дена беше одбиено барањето за уставност за разрешувањето на Фадил Зендели од член на комисија за избори и именување, тогаш ќе сфатите дека нема да се постапува по ваква кривична пријава. Претходно кога имавме поднесено кривична пријава истата беше во рекордно време одбиена, изјави Панова.
Панова потенцираше дека жално е што пратениците од власта премолчуваат и кога си одат нивните места на живеење и треба да кажуваат дека молчат на ваквото однесување на претседателот на Собранието, молчат за пцовките и на кршењето на Уставот и Деловникот.
Таа посочи дека и покрај се ВМРО-ДПМНЕ нема да ги остави граѓаните сами да се соочуваат со оваа национална катастрофа и ќе се бори со сите расположливи средства.
– Нема да оставиме граѓаните во Република Македонија да се соочуваат со целата оваа национална катастрофа, а ние да не реагираме. Во изминатиов период имаше реакција од сите фели, имаше незадоволство од синдикати, протести и покажување дека оваа влада е најнеспособната досега. Има нелегитимна власт, премиер кој не е избран од народот, 4 кризни состојби. Протестот на ВМРО-ДПМНЕ е затоа што не смееме да дозволиме да одиме во амбис како држава, имаме рекордно задолжување и народот ќе покаже дека е доста и дека е време за предвремени парламентарни избори, нагласи Панова.