Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, на 7 мај наредната година ќе ја посети Република Македонија, соопшти денеска владината прес-служба.
– Неговата светост папата Франциск, прифаќајќи ја поканата на највисоките власти на државата и на Католичката црква, ќе оствари апостолско патување во Република Македонија, на 7 мај 2019 година, при што ќе го посети Скопје – родниот град на света Мајка Тереза, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата.
Пред Македонија, папата Франциск од 5 до 7 мај ќе престојува во Бугарија каде што ќе ги посети градовите Софија и Раковски.