Различни пароли денеска се појавија на неколку споменици во центарот на Скопје.
Станува збор за пароли поврзани со власта која како што велат од ВМРО-ДПМНЕ е во заминување на 12 април годинава.
Имено на споменикот Гоце Делчев во градскиот парк се појавија паролите „Не си го дадов животов за вие да ја распродавате Македонија“ и „Предавници“, додека под споменикот на Јосип Броз Тито се појави пораката „Нисам вам дао државу да је распродате“.