среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Партијата на Тачи избра ново раководство

Партијата на Тачи избра ново раководство

Демократската партија на Албанците (ДПА) на денеска одржаното Централното собрание во Тетово избра ново раководство, четворица потпретседатели и генерален секретар.

– Денеска се одржа Централното собрание на ДПА при што беа избрани состави на Централното претседателство, тесно претседателство и генерален секретар. Централното собрание за потпретседатели ги избра Фатмире Исаку, Валбона Тоска, Фејзи Џелили и Халил Красниќи, додека за генерален секретар Сали Ајдини, информираа од ДПА.

Изборот на нови потпретседатели и генерален секретар следува откако на 7 јули на конгрес на партијата, Мендух Тачи повторно беше реизбран за претседател на ДПА, а тогаш беа избрани и членовите на Централното собрание кои денеска одлучуваа за изборот на потесното раководство.

Најнови вести