Пет хеликоптери веќе го гаснат пожарот во пехчевско. Тие полетаа откако претходно рано утрово беше направено извидување на теренот со еден армиски хеликоптер.
-Петте хеликоптери почнаа со гаснење. Поради безбедносни причини и протоколи нема да се вклучам во живо, напиша директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на Фејсбук. (МИА)