И покрај тоа што моите колеги во нивните дискусии кажаа доста аргументи за во однос на овој нацрт амандман, јас ќе се обидам еве на кратко кажам нешто од мој аспект во однос на текстот на 35-тиот нацрт амандман, појасни Весна Пемова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција, при заседавање на седницата на Собрание на Република Македонија.
Пемова образложи дека овој нацрт амандман, е всушност повторување на нешто што го има веќе во нашиот Устав и нема некое значење така што може слободно да си го гласате. Вие во вчерашниот ден со гласањето на двата амандмани односно со 33 и 34 амандман всушност ја завршивте работата за Грција, а на наша голема штета.
Во текстот на 35-от нацрт амандман има дополнување на членот 3 од Уставот на Република Македонија со една точка, а тоа е дека Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави. Многу професори по уставно право велат дека потребата од овој амандман или 35 амандман всушност е целосен непотребен, појасни Пемова.