петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пемова: Власта ги намалува условите за да инсталира партиски кадри на раководни позиции

Пемова: Власта ги намалува условите за да инсталира партиски кадри на раководни позиции

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПНЕ, Весна Пемова обраќајќи од собраниската говорница, упати критики кон власта која од положба на опозиција најавуваше нов закон за здравствена заштита, а сега го менува и дополнува стариот.

Таа упати критика кон власта дека намерно се прават измени на законот со цел намалување на потребното работно искуство, за да може партиските војници да станат раководители на одел или сектор во здравствена институција.

-За да едно лице стане раководител на некоја здравствена установа, условот од 7 годишно работно искуство се заменува со 5 годишно, констатира Пемова.

Пемова појаснува дека за оваа измена се дискутирало и на комисиската расправа по однос измена на Законот за здравствена заштита и дека добила штуро образложение дека е утврдено дека намалувањето на потребното работно искуство од 7 на 5 години е оптимална бројка.

– Јас лично сметам дека оваа измена ја правите со цел некои ваши партиски војници, кои не ги исполнуваат условите и немаат 7 години работно искуство, со цела да ги замените сегашните со ваши кадри, објасни пратеничката Пемова дека друга причина за оваа промена нема.

Најнови вести