среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски, Борко Ристовски и Џон Битов денеска присуствуваа на панел дискусија „Лидерството во политиката“

Пендаровски, Борко Ристовски и Џон Битов денеска присуствуваа на панел дискусија „Лидерството во политиката“

Денес се одржа панел дискусија “Лидерството во политиката, бизнисот и спортот” на кои беа присутни Претседателот на Р. Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Републичката комисија за спорт при ВМРО-ДПМНЕ, Борко Ристовски и познатиот канадски бизнисмен и спортист, Џон Битов, стои во Фејсбук објавата на Комисија за спорт на ВМРО-ДПМНЕ.

– Оваа дискусија е дел од обуката “Проект ЛИДЕР”, на која се дискутираше за различни стилови на лидерство, лидерството во спортот и неговиот понатамошен развој. Претседателот на Комисија за спорт при ВМРО-ДПМНЕ, Борко Ристовски се задржа на ставот дека спортот е најважното оружје за едно општество да има природен развој и здрави идни генерации, па затоа ние ќе мора да бидеме тие кои ќе дадеме се од себе спортот да е највисоко рангиран во Република Македонија, се вели во Фејсбук објавата.

Најнови вести