среда, 17. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски до вчера го величеше португалското претседателство, за денес да се радува што конечно завршило

Пендаровски до вчера го величеше португалското претседателство, за денес да се радува што конечно завршило

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски денес се радува што завршило португалското претседателство со Европската Унија, а само пред 8 дена на средба со португалската амбасадорка Да Силва Пина го потенцираше професионалниот пристап на Португалија.

-Претседателот Пендаровски ги поздрави напорите на португалското претседателство за одржување во фокус на дебатата за проширување на Европската Унија и притоа се заблагодари за професионалниот пристап на Лисабон во изработката на предлогот за надминување на билатералниот спор меѓу Северна Македонија и Бугарија- се вели во соопштението од кабинетот на претседателот испратено до медиумите на 22-ри јуни.

За само 8 дена подоцна Пендаровски денес од Загреб остро да ги осуди изјавите на португалското претседателство во врска со македонскиот јазик и да порача дека добро е што завршило португалското претседателствување.

-Добрата вест е што португалското претседателство заврши, се надевам дека словенечкото претседателство ќе продолжи долж истата патека со полно уважување на виталните национални и државни интереси на двете страни, инаку не може да се дојде до договор, изјави денес Пендаровски.

Ова е промена на ставот на Пендаровски од 180 степени само за  недела дена, што отвора сомнежи во јавноста што всушност разговарале Пендаровски и Да силва Пина, дали воопшто ги презентирал македонските позиции во однос на спорот со Бугарија.

Имено, државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик вчера за медиумите изјави  дека „некогаш бил дел од бугарскиот јазик“ и го нарекуваше  „северномакедонски јазик“. Ова предизвика шок во македонската јавноста, но се уште нема никаква реакција на македонската влада и дипломатија.

Најнови вести