понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски го честиташе почетокот на преговори за членство во ЕУ

Пендаровски го честиташе почетокот на преговори за членство во ЕУ

Им честитам на сите македонски граѓани за официјалниот почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ. И покрај предизвиците со кои се соочувавме низ годините, граѓаните ја одржаа поддршката за исполнувањето на нашата европска агенда, напиша претседателот на државата Стево Пендаровски на неговиот фејсбук профил.

Тој објави дека започнуваме нова фаза за политичка интеграција, да станеме дел од европското семејство на нации, каде, пишува Пендаровски, македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Унијата.

– Нѐ чека напорна работа, вложување на целокупните општествени и институционални капацитети за понатамошните фази на процесот на преговори. Благодарност до сите кои низ годините беа дел од институциите кои работеа на пристапувањето кон Европската Унија и максимално се вложуваа за успешна евроинтеграција. Да овозможиме европските вредности на слобода, демократија, правда, различност и просперитет да завладеат и кај нас дома, во нашата заедничка татковина, напиша на фејсбук шефот на државата Пендаровски.

Најнови вести