сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски ја прими Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за човекови права и антитероризам

Пендаровски ја прими Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за човекови права и антитероризам

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Финула Ни Оилин, специјална известувачка на ОН за човекови права и антитероризам, која престојува во работна посета на Северна Македонија.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, претседателот ја поздрави посетата на специјалната известувачка на ОН за човекови права и антитероризам, којашто е фокусирана на активностите коишто ги презема Северна Македонија со цел репатријација, гонење, реинтеграција и рехабилитација на нашите државјани, повратници од североисточна Сирија, како и враќање, рехабилитација и реинтеграција на странски борци, жени и деца кои имаат наводни врски со одредени терористички групи.

Пендаровски изрази задоволство од соработката со Комисијата за човекови права на ОН и нивната поддршка, експертиза во однос на законските решенија и политики за борба против тероризмот, истовремено обезбедувајќи заштита на човековите права и слободи. Извештајот за Северна Македонија со наоди и препораки ќе биде презентиран пред Советот за човекови права во март 2024 година.

Најнови вести