понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски ја прими Тања Фајон

Пендаровски ја прими Тања Фајон

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Тања Фајон, вицепремиерка и министерка за надворешни работи на Република Словенија, која престојува во посета на Македонија.

Од Кабинетот на Пендаровски информираат дека на средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи и беше истакната посветеноста за натамошно јакнење на партнерството и унапредување на пријателството.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за силната словенечка поддршка за македонските интеграции во Европската Унија. Соговорниците споделија мислења и информации за извештајот на Европската комисија и оценија дека тој е јасен патоказ за понатамошно спроведување на домашните реформи.

На средбата се разговараше и за предизвиците од енергетската и економска криза, војната во Украина, како и регионалната соработка, европската и евроатлантската перспектива на Западен Балкан.

Најнови вести