Софија би сакала Бугарите да не бидат спомнати само во преамбулата, туку во целиот нормативен дел на Уставот. Тоа не е возможно. Како прво, во преамбулата се кажува како е настанат државата и од што се состои. Во нормативниот дел ниту Албанците не се спомнати. Ги има со срамната формулација 20%, но со име и презиме никој не е спомнат. Зошто би биле исклучок само за Бугарите во нормативниот дел? Со бројката од пописот се помалку од Србија, Власите, Бошњаците и Ромите. Нив им е важно е да влезат во Уставот затоа што тие зборуваат за македонски Бугари, а не за Бугари. Таква категорија кај нас не постои, истакна претседателот Стево Пендаровски.
Пендаровски дава пример и вели: „И да пробаме да ги внесеме Бугарите во преамбулата, да видиме како тоа би изгледало“.
-Кај нас во преамбулата вели македонски народ и делови од албански, турски итн. Што би личело да биде и делови од македонско-бугарскиот народ? Јасна е намерата. Сакаат да се вратат на старата и срамна теза дека овде под 1945 година е направена системската бугаризација. Имаше небулоза дека над 50.000 луѓе биле затворени и десетици илјади убиени. Македонија има 25.000 загинати во Втора светска војна. Софија тврди дека ние сме убиле повеќе Бугари после 1945 година, што е геноцид од невидени размери, а ниту една историја го нема регистрирано, дециден е Пендаровски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.