Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на презентацијата на Извештајот за човековиот развој 2021/2022 на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).
Според најавите, на презентацијата на извештајот насловен „Неизвесни времиња, несигурни животи, обликување на нашата иднина во светот што се менува”, обраќање ќе имаат претседателот Пендаровски и постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан.
Извештајот е изработен и ќе биде претставен од страна на Институтот за демократија „Социетас цивилис” – Скопје (ИДСЦС), информираат од Кабинетот на претседателот.
Извештајот за човековиот развој 2021/2022 ја рангира Северна Македонија од аспект на политичката стабилност и владеење, довербата во институциите, социо-економската состојба, родовите прашања, а воедно дава приказ на политичката и социјалната поларизација и екстремизам. Како резултат на пандемијата на Ковид-19, глобалните тенденции од 2019 година покажуваат тренд на опаѓање во напредокот на човековиот развој.