среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски ќе одликува 13 истакнати дејци од областа на македонската народна музика со Медал за заслуги

Пендаровски ќе одликува 13 истакнати дејци од областа на македонската народна музика со Медал за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на свечена церемонија во Филхармонија, а во пресрет на 11 Октомври, Денот на народното востание, ќе ги одликува Анка Гиева и Виолета Томовска.

Постхумно ќе бидат одликувани и Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски со Медал за заслуги за Република Северна Македонија.

-Одликувањето се доделува за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки, велат од Кабинетот на Пендаровски.

Најнови вести