вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски на средба со министерот за надворешни работи на Данска

Пендаровски на средба со министерот за надворешни работи на Данска

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Јепе Кофод, министер за надворешни работи на Кралството Данска, кој престојува во посета на Македонија.

Соговорниците на средбата констатираа дека двете држави во континуитет градат пријателски, сојузнички и партнерски односи. Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази интерес за интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво. Претседателот Пендаровски и министерот Кофод ја истакнаа и потребата за подобрување на економската соработка и трговската размена.

На средбата се разговараше за процесот на проширување на Европската Унија, при што претседателот Пендаровски изрази благодарност за принципиелната поддршка на Данска за евроинтегративниот процес на Северна Македонија. Претседателот Пендаровски истакна дека нашата држава ќе продолжи да работи на домашната реформска агенда, со фокус на владеење на правото, јакнење на ефикасноста и непристрасноста на судството и борбата против корупцијата.

Соговорниците разговараа и за безбедносната состојба во Авганистан, како и за одлуката на Северна Македонија да прифати авганистански цивили.

На средбата претседателот Пендаровски му се заблагодари на министерот за донираните вакцини за заштита од Ковид-19.

Најнови вести