Во вечерашната дебата на телевизија „Сител„ кандидатот за претседатела проф. Гордана Силјановска Давкова му рече на кандидатот за претседател Стево Пендаровски дека како тоа тој вели дека не е партиски кандидат, а бил носител на листа и изјавува дека бил 102% ист како премиерот.
На ова Пендаровски потврди и кажа:
-Јас не бегам од тоа. Во делот на стратешките одлуки ЕУ, НАТО , интеграции, безбедност, одбрана да се согласувам. Јас бев дел од тие процеси, јас ги водев преговорите со НАТО.