сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски: Предлагаме прогласување на кризна состојба на целата територија

Пендаровски: Предлагаме прогласување на кризна состојба на целата територија

Денеска се оддржа 10 седница на  Советот за безбедност на Република  Македонија во претседателската „Вила Водно“, на која се расправаше за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 во земјава и за мерките и активностите на надлежните институции.

На седницата на Советот за безбедност на Република Македонија покрај редовните членови на Советот премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери и министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Бујар Османи, на покана на претседателот Пендаровски присуствуваа и министерот за здравство, Венко Филипче. Министерот за внатрешни работи Оливер Сапсовски не присуствуваше на состанокот.

Претседателот Стево Пендаровски по оддржаната седница, даде изјава за медиумите каде што соопшти дека е донесен заклучок, односно Советот за безбедност да и предложи на Владата да прогласи кризна состојба на целата територија на Република Македонија во траење од 30 дена.

Најнови вести