Претседателот Стево Пендаровски е разочаран од специјалната обвинителка Катица Јанева на која безусловно и даваше поддршка.
-Да, разочаран сум од Катица Јанева, како човек, рече кусо претседателот на државата одговарајќи на новинарско прашање.
Одговорност, потенцираше тој меѓудругото, мора да има и по хоризонтална и вертикална линија.
-Никој не смее да биде над законите во оваа земја, истакна Пендаровски, огласувајќи се пред граѓаните и медиумите за случајот „Рекет“.
Претседателот рече дека е разочаран од тоа што го слушнал во видеата и побара ефективна, брза и темелна истрага.