четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски: Протераните Руси се занимаваа со шпионажа – односите со Руската Федерација се на најниско ниво во историјата

Пендаровски: Протераните Руси се занимаваа со шпионажа – односите со Руската Федерација се на најниско ниво во историјата

Сите протерани руски дипломати од Македонија излегувале надвор од статуст што им е даден при доаѓањето и тоа е докажано до последната буква, вели претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за Гласот на Америка на македонски (ВОА).Според Пендаровски тие биле со статус на дипломати, а се занимавала со шпионажа, како и дека нашите служби со партнерските служби од НАТО го докажале тоа.

„Односите меѓу нас и Руската Федерација се на најниско ниво во историјата од познати причини. Во изминатите две години ние протеравме, без последниве тројца, 18 руски дипломати, кои беа со статус на дипломати и се бавеа со шпионажа. Секој поединечен случај од тие 18 и овие три плус, нашите служби со помош од партнерските и пријателски служби од НАТО алијансата докажаа до последна буква дека тие излегуваат надвор од статусот кој им е даден при доаѓањето во Македонија. Значи тие не беа дипломати и заради тоа беа протерани“, вели Стево Пендаровски.

Најнови вести