сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски се сретна со словенечкиот претседател Борут Пахор

Пендаровски се сретна со словенечкиот претседател Борут Пахор

Во рамки на учеството на 58. Минхенска безбедносна конференција, претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, на која беа реафирмирани одличните билатерални односи, без отворени прашања, базирани на традиционално пријателство, силно стратешко партнерство и долгогодишна конструктивна соработка и поддршка.

Претседателите се осврнаа на можностите за надминување на предизвиците за почеток на пристапните преговори со ЕУ, истакнувајќи го фактот дека успешноста на политиката на проширување ќе зависи од македонскиот случај. Претседателот Пендаровски се заблагодари на принципиелната и континуирана поддршка за европската иднина на Северна Македонија, особено гласна за време на неодамнешното словенечко претседавање со Советот на Унијата.

-Претседателот Пендаровски информираше за последните случувања во тој контекст и динамиката што е предвидена меѓу двете нови влади, потенцирајќи дека Северна Македонија посветено ќе работи на изнаоѓање европско, достоинствено решение во билатералните предизвици со Бугарија. Според претседателот Пендаровски, отворањето на пристапните преговори за членство на Република Северна Македонија со Европската Унија позитивно ќе придонесе за просперитетот и стабилноста на целиот регион, а ќе даде дополнителен импулс на севкупниот реформски процес во државата, информираат од Кабинетот на претседателот.

На средбата се разговараше и за безбедносните состојби во регионот и во евро-атлантскиот простор.

Најнови вести